сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Солистички концерт на Зарина Прваседа во Филхармонија

Солистички концерт на Зарина Прваседа во Филхармонија

Во Филхармонијата вечер ќе се одржи солистички концерт на Зарина Прваседа, на којшто ќе биде промовиран нејзиниот прв официјален студиски албум насловен „ЕХО“.

Албумот е изработен со Croatia Records и содржи 11 традиционални песни од Балканот, отпеани на пет јазици – македонски, албански, бугарски, српски и турски.

Зарина ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир. Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.

– Овој концерт претставува своевидно заокружување на првиот циклус – нашето виртуелно дружење изминативе две – три години по социјалните медиуми, со што отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое на крајот на денот го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекам и замислувам откако знам за себеси, што говори за тоа дека е од вистински голема емотивна важност за мене и можам да кажам дека оние кои ќе бидат присутни таму, ќе посведочат на најубавиот ден во мојот живот како и остварувањето на сонот на едно мало девојче што никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно, вели Зарина.