четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка меѓу мотоцикл и автомобил, двете управувани од малолетници

Сообраќајка меѓу мотоцикл и автомобил, двете управувани од малолетници

На 19.04.2022 во 17.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат с.Челопек – Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Челопек и патничко возило „фолксваген туран“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Милетино, велат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.