четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Папата Франциск повторно повика на велигденско примирје

Папата Франциск повторно повика на велигденско примирје

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска го повтори повикот за велигденско примирје додека православните христијани го слават Велигден.

Папата Франциск, без конкретно да спомене ниту една земја, ги повика агресорите да го прекинат нападот за да не создаваат повеќе страдања за исцрпените луѓе.

Франциск пред собраните на плоштадот Свети Петар истакна дека поминале два месеци од почетокот на руската инвазија на Украина и дека војната наместо да заврши се влошила.

-Тажно е што во овие денови, кои се најсвети и најсвечени за сите христијани, смртоносната бучава на оружјето е погласна од звукот на камбаните кои го најавуваат Воскресението, рече тој.  (МИА)