четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Папата се надева на договор на владите за мигрантите

Папата се надева на договор на владите за мигрантите

Папата Франциско изрази денеска надеж дека владите ќе постигнат договор за заштита на оние кои се принудени да ја напуштат својата татковина.

Поглаварот на Римокатоличката црква во обраќањето до верниците на плоштадот Свети Петар во Рим истакна дека таквиот договор би имал за цел „безбедна миграција“.

Тој рече оти сите луѓе се повикани да „го вреднуваат придонесот на бегалците“, за подобро да се вклопат во заедниците кои ги прифаќаат.

– Обостраното почитување ќе доведе до решение на проблемот што се однесува до миграциите, речепапата Франциско. 
МИА