среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник тешко повреден, откако излетале со четирицикл

Малолетник тешко повреден, откако излетале со четирицикл
илустрација

На 25.04.2022 во 17.45 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на локален пат во Крушево четирицикл, управуван од Е.К. (20) од Скопје, излетал од коловозот, информира МВР:

Во несреќата малолетен совозач од Скопје се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Крушево.