четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца повредени во сообраќајка во Кисела Вода

Двајца повредени во сообраќајка во Кисела Вода

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која претпладнево се случила на булевар „Борис Трајковски“ во Кисела Вода.

Од МВР за Курир потврдуваат дека околу 10:15 часот добиле пријава за сообраќајка во која учествувале товарно возило и автомобил.

Според првичните информации, во несреќата повредени се возачот и сопатник од автомобилот кои се пренесени во болница.

Полициски екипи вршат увид на терен.