По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.М.(20) од Штип.
Тој се сомничи дека извршил кривично дело „кражба“ и на спортско игралиште во Штип одзел предмет од граѓанин.
Украденото било пронајдено и вратено на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против Е.М. до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.