четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Изречени 98 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Изречени 98 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Изречени се 98 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола во акциска контрола на полицијата спорведена денеска во периодот од 12 до 18 часот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 53 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.