среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица повредени во тешка сообраќајка во Гостивар

Две лица повредени во тешка сообраќајка во Гостивар

На 28.04.2022 во 00.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница од улица „Беличица“ со улица „Мара Угринова“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „хонда“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ш.А. (29) од с.Врбјане, општина Маврово и Ростуше и патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(38) од Велес, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Х.И. и неговиот совозач А.Х., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.