вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје лесно го совлада Гостивар

МЗТ Скопје лесно го совлада Гостивар

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија сигурна победа над Гостивар од 78-55 во 4. коло од Суперлигата.

Актуелниот шампион беше на повисоко ниво, беше подобар во сите четири периоди и сосема заслужено дојде до триумф кој е одлична најава пред престојното дерби против Пелистер во „Јане Сандански“.

„Штрковите“ имаа плус 14 по првите 20 минути (38-24), предност која продолжија да ја зголемуваат и по паузата.

Ајви со 14 поени беше прв стрелец, Стојановски даде 13, Рикиќ додаде 11, а Дамјан Стојановски 10 кошеви. Кај гистиварци најсветла точка беше Ефремовски со 13 поени