На 01.05.2022 околу 03.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Куманово-Скопје, атар на с.Романовце, кумановско, М.Д.(27) од Република Србија, управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“, со српски национални ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.Ч.(23) од Република Србија, констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.