недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

БЕЗ ШАНСИ ЗА ФИНАЛЕ И НА ДНОТО – Македонија последна според обложувалниците, еве кој котира на врвот за сигурна победа на Евровизија

БЕЗ ШАНСИ ЗА ФИНАЛЕ И НА ДНОТО – Македонија последна според обложувалниците, еве кој котира на врвот за сигурна победа на Евровизија

Пред неколку дена започнаа првите проби за овогодинешното издание на Евровизија која се одржува во Торино, Италија. Се очекува настап на вкупно 40 држави поделени во две полуфинални вечери.

Како и секоја година и оваа обложувалниците прогнозираат кој би можел да победи, а мора да се напомене дека во последните години го погодувале резултатот.

Како сега стојат работите најголеми шанси за победа има Украина, дури 43%, но мора да се напомене дека ова најверојатно е резултат на тамошната војна. Победата на Украина, според одредени мислења, ако се земе предвид состојбата на земјата се минимални, но пласман меѓу првите места е загарантиран.

Македонија според предвидувањата засега е на последното 40 место, без шанси за пласман во финале.