Олимпијакос си обезбеди место на завршниот турнир во Евролигата, откако го елиминира Монако во четвртфиналето.
Грчкиот тим го чекира своето место во Белград, а тоа предизвика одушевување на навивачите во Пиреја.
Со пиротехничко шоу и преплавен терен се прослави пласманот на „фајнал-фор“ турнирот во најсилното европско натпреварување.
Сепак, овие случувања на трибините и теренот, не минаа незабележано од страна на челниците на Евролигата.
Олимпијакос ќе мора да плати казна од 53.000 евра, поради однесувањето на навивачите. Иако пиротехничкото шоу беше вистински спектакл кој го одушеви и Кевин Дурант, сепак клубот ќе мора да плати висока санкција.