Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, ќе мора да се согласи на значително пониска плата доколку ова лето сака да ја продолжи кариерата во Јувентус, јавија денеска италијанските медиуми.
Погба ќе може да избере клуб без обесштетување кога на 30 јуни ќе му истече договорот со Јунајтед. Според медиумите, Погба планира да ја напушти Премиер лигата, а главни фаворити за неговиот потпис се Јувентус и ПСЖ.
Италијанските медиуми наведуваат дека Јувентус на Погба може да му понуди најмногу седум до осум милиони евра по сезона, додека ПСЖ нуди многу повеќе. Но, предноста на Јувентус е тоа што Погба добро го познава клубот за кој од 2012 до 2016 година го играше најдобриот фудбал во својата кариера. (МИА)