понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бориславова: Петков наскоро нема да го посети Скопје

Бориславова: Петков наскоро нема да го посети Скопје

Бугарија не и’ верува на Македонија дека државава води сметка за говорот на омраза идискриминацијата како појави. Прво документ како доказ доказ дека Македонија има сериозен однос кон говорот на омраза и дискриминацијата на бугарското етничко население па после меѓувладина конференцијата во Скопје, изјави денеска шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Според Бориславова, „Бугарија не бара малцинство“ во земјава, туку вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на Република Северна Македонија, со цел „да ги имаат сите права што ги уживаат и другите народи“. Наспроти очекувањата на бугарското општество, бугарскиот премиер Кирил Петков да потпише некаков документ со Скопје,Бориславова не очекува да се случи такво нешто. Таа потенцира дека промена на бугарскиот став кон ветото ќе биде можна само со постигнување на широк консензус меѓу владејачката коалиција и опозицијата.

Откажувањето на меѓувладината конференцијата ја потврди и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, откако, според него, нема услови за тоа. Тој вчера изјави дека решение со Бугарија може да има само доколку тоа се заснова на европските вредности и принципи на зачувување на достоинството на двете земји и меѓусебно почитување.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак мисли дека не постојат шанси за достоинствено тргање на ветото. Тој завчера упати порака до Европската Унија, како што се обедини околу руската агресија на Украина, така, вели Мицкоски да се обедини и околу политичката агресија на Бугарија врз земјава. Дали Македонија ќе одржи меѓувладина конференција со Европската унија зависи токму од меѓувладината конференција со Бугарија. Во случај Македонија и Бугарија и успеат некако да се договорат до јуни, Франција најави дека ќе организира меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и Македонија и Албанија.

Најнови вести