Раководителката на романската делегација на Евровизија, Јулијана Марчук, за државната Телевизија на Романија синоќа изјави дека 12-те поени, што романското жири и ги дала на Молдавија, завршиле на контото на Украина. Марчук посочила дека во моментов Романија не знае зошто тоа се случило и уверувала дека работата на романското жири во Букурешт се придржувало на правилата на Европската радио и телевизија од каде очекуваат и официјален одговор, пишуваат бугарски Гласове.
Марчук посочила дека за време на финалето на Евровизија во саботата вечерта, телевизискиот продуцент Лиајана Дамјан, која била одговорна за жирито, забележала непочитување на протоколот испратен до Романската телевизија претходниот ден и дека резултатите на специјалното жири во студиото во Букурешт не биле земени предвид.
Раководителката на романската длегација на Евровизија изјави дека за време на репетициите во Торино, кои вклучувале и репетиција на објавувањето на поените, Европската радио-телевизија „не дала никаков знак дека нешто не е в ред“ со гласањето на Романија. Според неа, во Букурешт биле запазени сите правила наложени од Романската телевизија, вклучувајќи го и тоа за задолжително присуство на нотар. Марчук објасни дека членовите на жирито не можеле меѓусебно да комуницираат и секој од нив ја потпишал сопствената листа, а на крајот не го гледале вкупниот резултат на жирито.