На 21.05.2022 во 16,34 часот во с.Црвена Вода, oпштина Студеничани од полициски службеници од Полициска станица Драчево е приведен Н.Р.(36) затоа што за време на одржување на манифестација од пиштол испукал три проектили во воздух.
Од полициски службеници на местото на настанот се пронајдени три чаури и огненото оружје.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.