СВР Куманово поднесе кривична пријава против У.З.(58) од с.Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.
На 28.10.2021, при претрес во домот на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол марка „Чешка зброевка” со една рамка и седум куршуми, за кои не поседувал дозвола.