Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Ѓорче Петров во близина на општинската зграда.
Возач со автомобил марка „Ауди“ прегази пешак, дознава „А1он“.
На оваа локација има раскрсница како и пешачки премини.
Според првичните информации, пешакот починал на лице место. Нема детали околу неговата возраст, ниту како се случила несреќата, пишува порталот.
ФОТО: Скопје1