Албанија му понуди на НАТО користење на поранешната советска поморска база Пашалиман, соопшти денеска Кабинетот на албанскиот премиер.
Премиерот Еди Рама рече дека поморската база Пашалиман, 180 километри јужно од Тирана, може да биде „додадена вредност“ за Алијансата и дека Албанија подготвила проект за нејзина обнова.
-Во овие опасни времиња, верувам дека генералот би можел да размисли да има поморска база на НАТО во Албанија“, рече Рама во вчерашното обраќање при доделувањето медал” Голема ѕвезда на благодарноста”на командантот на НАТО, Тод Даниел Волтерс.
Базата Пашалиман, која се наоѓа под Валонскиот Залив, е изградена во 1950-те кога Советскиот Сојуз донесе 12 подморници и беше единствената поморска база што ја имаа во Средоземното Море. По прекинот на врските меѓу Тирана и Москва во 1961 година, Пашалиман остана како поморска база во која се сместени четирите преостанати подморници и други помали воени бродови.