Во Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид во галеријата Куќа на Робевци, вечерва ќе биде отворена петтата самостојна изложба на Сокол Марковски, насловена „Рак не е само хороскопски знак“.
Сликите се изработени во периодот 2020-2022 година во техниките масло на платно и комбинирана техника и дигитален принт на хартија.
Изложбата ќе биде отворена до 10 јуни.
Марковски е роден 1966 година во Скопје. Завршил во ГУЦ „Здравко Цветковски“, Архитектонски оддел во 1986 година. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Факултет за ликовни уметности, педагошки отсек, насока сликарство, во класата на проф. Јован Шумковски во 2018 година.