петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Младо момче загина на скопската обиколница

Младо момче загина на скопската обиколница

На 30.05.2022 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат – обиколница во Скопје, во близина на клучка Мирковци, патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки, управувано од Х.Ч.(23) од Република Косово, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Скопје.

Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.