сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти го провоцира Клоп: Ни помогна тактиката на Ливерпул!

Анчелоти го провоцира Клоп: Ни помогна тактиката на Ливерпул!

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти сезонава испиша историја со Реал Мадрид и му ги донесе титулите во Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ).

Анчелоти го надмудри неговиот колега од Ливерпул, Јирген Клоп и со своите избраници славеше со 1-0 против премиерлигашот во финалето на ЛШ.

Стратегот на „кралевите“ го провоцира Клоп со изјава по прославата на пехарот во елитното натпреварување.

„Ни помогна тоа што Ливерпул е лесен за дешифрирање. Тие имаа тактика и ние се подготвувавме според неа. Знаевме како ќе играат и се подготвивме на вистински начин. На почетокот игравме со подолги топки, по што ја вративме контролата во вториот дел“, кажа Анчелоти.