четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ХАОС ПРЕД ДЕЦА: Избегната тепачка во бугарското Собрание, паднаа тешки закани (ВИДЕО)

ХАОС ПРЕД ДЕЦА: Избегната тепачка во бугарското Собрание, паднаа тешки закани (ВИДЕО)

Напната  атмосфера имаше денеска во бугарското Народно собрание меѓу пратеникот на „Продолжуваме со промените“ Искрен Митев и претседателот на „Преродба“ Костадин Костадинов, јавуваат бугарските медиуми.

Митев рече дека е јасно кој го предал народот.

Костадинов кој му се обратил на претседателот на Собранието Кристијан Вигенин со зборовите: „Овој е идиот, ќе му го скршам носот“.

Но, Вигенин не му дал збор, нагласувајќи дека не е јасно кому пратеникот Митев го адресирал говорот.

По повод Ден на детето, имало деца во Собранието.

Митев потоа се извини од говорницата и им се извини на децата и другите присутни во салата.