Италијанскиот вицешампион Интер заврши одличен трансфер. Во клубот пристигнува ерменскиот фудбалер Хенрих Мхитарјан (33), кој ги договорил сите услови за преселба во Интер.
Искусниот 33-годишен Ерменец ја одби понудата на Рома за продолжување на соработката. Тој по три години минати во клубот реши да си замине и како слободен играч ќе ги засили Нероаѕурите.