понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Усмртил пешак, па избегал: Притвор за жител на Желино

Усмртил пешак, па избегал: Притвор за жител на Желино

Четириесет и две годишен жител на Желино доби притвор откако беше приведен како учесник во сообраќајка за која е осомничен дека удрил во соселанец и заминал, додека пешакот починал од здобиените повреди.

Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово вчера попладне на Д.Ф.(42) од тетовско Желино му определил мерка притвор од 30 дена, по што тој е спроведен во Казнено поправна установа Затвор „Скопје” за издржување на мерката.

-Осомничениот Д.Ф.се товари за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот”, согласно членовите 297 и 300 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.

Во четвртокот во 20:20 часот на локален пат во Желино Д.Ф.(42) со патничко моторно возило „бмв“ удрил во 50-годишниот пешак З.С. (50) од истото село. Потоа го напуштил местото, а од здобиените повреди пешакот починал на местото на несреќата.

Д.Ф бил приведен во полициска станица, а по наредба на обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.