сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена во сообраќајка меѓу „Голф“ и мопед

Жена тешко повредена во сообраќајка меѓу „Голф“ и мопед
илустрација

На 03.06.2022 во 14:00 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп кај Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.И.(23) во с.Камен Дол-Росоман, и мопед „априлиа“ без регистарски ознаки, управуван од Ц.В.(49) од Росоман.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.В. констатирани во Општата болница во Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.