среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

СЗО испитува дали има мајмунски сипаници во Косово

СЗО испитува дали има мајмунски сипаници во Косово

Министерството за здравство на Косово денеска објави дека испратило примероци за испитување во лабораторија на Светската здравствена организација во Холандија од еден случај за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Министерството, во петокот, на 3 јуни, од Инфективната клиника при Универзитетскиот и клинички центар на Косово (ЌКУК) е добиено известување за случај за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници.

-Пациентот е машко лице, родено 1953 година во Драгаш и е во стабилна здравствена состојба. Примероците се испратени во референтната лабораторија на СЗО во Холандија. Пациентот е изолиран и хоспитализиран на Инфективната клиника во ЌКУК, се вели во соопштението. (МИА)