сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Црвена звезда останува шампион во АБА лигата

Црвена звезда останува шампион во АБА лигата
Очекувано и овој натпревар меѓу лутите градски ривали Црвена звезда и Партизан не помина без инциденти. Мечот траеше три и пол часа поради големиот прекин кој се случи на стартот од второто полувреме кога судиите беа нападнати со тврди предмети.
Поради инцидентот беше испразнета салата, па речиси целото второ полувреме се играше пред празни трибини.
Беше неизвесно во целиот тек, Црвена звезда се снајде подобро во завршницата и дојде до победа. Партизан имаше шут за израмнување, но Пантер избрза, шутна прерано и го промаши целиот кош по што можеше да почне радоста на црвено-белите.
Најефикасен во составот на Црвена звезда беше Давидовац со 15 поени, Волтерс постигна 12, Калиниќ имаше 11, кај Партизан Пантер постигна 27 поени.