недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фон дер Лајен со папата Франциск разговараше за војната во Украина и кризата со храна

Фон дер Лајен со папата Франциск разговараше за војната во Украина и кризата со храна

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска разговараше со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, за напорите што се прават за ставање крај на војната во Украина и за ублажување на глобалната криза со храна.

– Ние стоиме покрај оние кои страдаат како резултат на уништувањето во Украина. Оваа војна мора да заврши и повторно да се воспостави мир во Европа, напиша Фон дер Лајен на Твитер по средбата.

Фон дер Лајен се состана и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетр Паролин и министерот за надворешни работи, надбискупот Пол Галагер, кој неодамна се врати од Украина.

Ватикан соопшти дека во фокусот на разговорите со Фон дер Лајен била „заедничката посветеност на активностите за ставање крај на војната во Украина, со посебно внимание посветено на хуманитарните аспекти и на последиците од продолжувањето на конфликтот во врска со храната“. (МИА)