среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Хрватскиот кошаркарски гигант Цибона ќе згасне?

Хрватскиот кошаркарски гигант Цибона ќе згасне?

Поранешниот европски шампион повеќе нема да постои. Цибона минатиот викенд ја освои 20. титула во Хрватска, комплетирајќи ја двојната круна, а легендарниот клуб би можел да згасне.

Клубот во моментов нема ниту директор, ниту претседател, единствено овластено лице е финансискиот директор Иван Матасиќ, човек кој тамошните медиуми го карактеризираа како „претставник на мистериозни инвеститори предодредени да го спасат загрепскиот гигант“.

Кошаркарскиот великан го мачи огромен проблем, на 21 јуни ќе навршат точно два месеци откако е блокирана клупската сметка, по што најверојатно ќе биде покрената стечајна постапка.

Проблем за Цибона е фактот што инвеститорите, кои ветија дека ќе го покријат долгот, не сакаат да го направат тоа додека клубот не го реши прашањето за салата.

Салата „Дражен Петровиќ“ веќе подолго време е во сопственост на градот Загреб, а поради долгот што Цибона го има кон главниот град на Хрватска, оваа сезона не можеше ниту формално да аплицира за користење.