понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Садио Мане официјално во Баерн Минхен

Садио Мане официјално во Баерн Минхен

Англискиот фудбалски гигант Ливерпул решил да го продаде Садио Мане во Баерн Минхен за 40-на милиони евра,а спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ го потврди големото засилување на „Алијанц Арена“.

Мане ќе потпише тригодишен договор со Баерн откако ќе ги мине лекарските прегледи, а според најавите во следните неколку дена сето тоа треба да се официјализира.

„Да, Мане доаѓа во Минхен“, му рече Салихамиџиќ на новинарот Торбен Хофман од „Скај Спорт Германија“.

Ливерпул се реши да го продаде Мане откако за 100 милиони евра го ангажира Дарвин Нуњез, а од зимоска и Луис Дијаз. Мане даде 120 гола во 269 меча за Ливерпул откако во 2016 година дојде од Саутемптон.