понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ: Автомобил „БМВ“ прегази млада велосипедистка

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ: Автомобил „БМВ“ прегази млада велосипедистка

Страшна сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Митропoлит Теодосиј Гологанов“ во близина на поранешната фабрика „Алумина“. Според првичните информации младата велосипедската поминувала на велосипедска патека кога во неа удрил возач со моторно возило „БМВ“ пренесе Скопје Инфо.

Очевидци на терен за Скопје Инфо сведочат за страшна сообраќајна незгода и додаваат дека од силниот удар патиките на девојката биле на десетина метри од велосипедот, кој во лоша состојба сведочи за силината на ударот.

Повредената девојка со возило на Итната медицинска помош е пренесена на Ургентен центар, а полицијата во моментов врши увид на местото на настанот.