петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Рама за Самитот на ЕУ: Не е некој спектакл да се гледа, на крајот ќе слушнеме „Не, простете ни“ 

Рама за Самитот на ЕУ: Не е некој спектакл да се гледа, на крајот ќе слушнеме „Не, простете ни“ 

Албанскиот премиер Еди Рама го доведе во прашање учеството на Албанија на Самитот на Европската унија, што ќе се одржи на 23. и 24 јуни во Брисел, јави дописничката на МИА од Тирана. 

Преку реакција на Твитер, тој наведува дека разговарал со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и додава дека гледа „не“ на крајот од Самитот. 

Засега не се знае дали ќе учествува на Самитот, но на крајот пишува „што треба да правам таму“.  

-Денеска долго разговаравме за Самитот на ЕУ, со лидерите на Србија и Северна Македонија. Се чини дека уште едно „Не, простете  ни!“ ќе биде она што ќе го слушнеме на крајот. Целата Унија киднапирана од Бугарија не е добар спектакл за гледање. Што ќе правиме таму?“, пишува Еди Рама. (МИА)