петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Калатес заминува од Барселона

Калатес заминува од Барселона

Каталонскиот клуб Барселона ќе го отпушти грчкиот репрезентативец Ник Калатес.

Тој има договор на уште една година, но раководството на Барса веќе му соопштило дека не влегува во плановите на Шарунас Јасикевичиус за новата сезона.

И пред завршувањето на првенството, шпанските медиуми тврдеа дека плејмејкерот не е во добри односи со тренерот и дека најверојатно ќе си оди, но сега останува само официјално да биде потврдено.

Интерес за Калатес веќе покажаа Макаби и Фенербахче, но и неговиот поранешен клуб Панатинаикос не би имал ништо против да го види во своите редови.