Литванскиот тренер Шарунас Јасикевичиус одбил да го продолжи договорот со Барселона, пишува „Мундо Депортиво“ и веројатно ќе остане уште само една година на кормилото на Каталонците.
Тренерот не сака да прифати нов договор со помала плата, а актуелниот му истекува во 2023 година. Јасикевичиус е во Барселона од 2020 година, а во првата сезона го однесе тимот до финалето на Евролигата во кое се загуби од Ефес, но се освои Ендеса лигата и Купот на Кралот. Во оваа сезона Барса стана освојувач во Купот, но доживеа пораз од Реал Мадрид во финалето на лигата.