петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ориги официјално ќе потпише за Милан

Ориги официјално ќе потпише за Милан

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дивок Ориги пристигна на аеродромот „Малпенса“ покрај Милано, каде што најпрво ќе оди на медицински прегледи пред слободниот трансфер во италијанскиот шампион Милан.

Ориги се договори за личните услови со Милан пред неколку месеци, со кои ќе заработува околу 4 милиони евра по сезона.

Ориги имаше 6 гола и 4 асистенции во само 18 меча за Ливерпул оваа сезона, по што реши да си замине како слободен играч поради малата минутажа. Во вкупно 175 меча за Ливерпул, тој имаше 41 гол и 18 асистенции.