петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

На повидок е голема размена меѓу Ливерпул и Јувентус

На повидок е голема размена меѓу Ливерпул и Јувентус

Можно е Адриен Рабиот да го напушти Јувентус во текот на летото, а негов следен клуб би можел да биде Ливерпул.

Договорот на Французинот со Јувентус трае само 12 месеци. Со речиси сигурно доаѓање на Пол Погба во Јувентус, иднината на Рабиот е доведена во прашање и многу е можно кариерата да ја продолжи во Англија.

Британските медиуми објавија дека и покрај информациите дека Ливерпул следната година нема да бара засилувања во средниот ред, Адриен Рабиот сега се поврзува со трансфер на „Енфилд“. Првично требаше да биде дел од размената со Наби Кеита, но за клубот од Серија А Гвинеецот не е доволен.

Калчомеркато верува дека Јувентус би го сакал Роберто Фирмино во замена за Рабиот, Бразилецот чија иднина по серијата офанзивни засилувања (Луис Дијаз, Дарвин Нуњез оп.а) е под знак прашалник, а како Рабиот и Кеита, неговиот договор исто така истекува следното лето.

Сепак, прашање е што мислат во случајот со Фирмино на „Енфилд“. Некои медиуми веруваат дека во текот на летото Ливерпул ќе му понуди нов договор на Бразилецот, а тој потоа ќе има можност да се изјасни дали сака да остане или да ја смени средината, што е се почеста појава кога се во прашање фудбалерите, очигледно презаситени и желни за нови возбудувања и предизвици.

Што се однесува до Рабиот, тој минатата сезона имаше важна улога во тимот на Масимилијано Алегри. Тој одигра 45 натпревари во сите натпреварувања и забележа две асистенции. Од друга страна, Фирмино постигна 11 гола со пет асистенции на 35 натпревари за „црвените“.

Со доаѓањето на Дарвин Нуњез од Бенфика, големи се шансите дополнително да му се ограничи минутажата на Фирмино, па дури и „црвените“ да сакаат да го продадат ова лето, особено што има само 12 месеци од договорот.