сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Еди Рама ќе ја плаќа казната на Шакири и Џака за скандалозната прослава: Тоа е во знак на благодарност од сите радосни Албанци

Еди Рама ќе ја плаќа казната на Шакири и Џака за скандалозната прослава: Тоа е во знак на благодарност од сите радосни Албанци

Премиерот на Албанија, Еди Рама отвори банкарска сметка на која може да се уплаќаат пари како би се платила казната која Фифа им изрече на Гранит Џака и Џердан Шакири.

-Ги повикувам Албанците да ја платат оваа бесмислена казна која Фифа им ја изрече на Џака и Шакири. Оваа сметка е гест на благодарност до спортистите кои доведоа милиони Албанци во спортска радост, напиша рама на социјалните мрежи.

Џака и Шакири ќе мора да платат по 10.000 швајцарски франци поради непримерното радување после постигнувањето на головите за репрезентацијата на Швајцарија против Србија на Светското првенство во Русија.

Тие со рацете го симболизираа двоглавиот орел поради што им се закануваше суспензија од два натпревари, но од тоа не излезе ништо.

Џака и Шакири се етнички Албанци со потекло од Косово и Метохија, а настапуваат за репрезентацијата на Швајцарија.