четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон по оставката: Ја напуштив најдобрата работа во светот, времињата се мрачни

Џонсон по оставката: Ја напуштив најдобрата работа во светот, времињата се мрачни

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска си поднесе оставка, но ќе остане на позицијата додека не се избере негов наследник.

– Се борев напорно во изминатите денови затоа што почуствував дека тоа е моја задача, моја должност и обврска, вели Џонсон.

Џонсон кажа дека е разочаран затоа што ја напушта „најдобрата работа во светот“, но сепак смета дека иднината е светла.

– Ги посетив сите делови од Кралството и запознав многу луѓе кои имаат оригинален пристап кон проблемите. Времињата се мрачни, но иднината е светлa, кажа премиерот.