четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Возач тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На 07.07.2022 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисни улици од ул.„Качанички пат“ и ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од В.О.(22) од Скопје и патничко возило „тојота“, управувано од А.Ч.(30) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

По несреќата, В.О. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.