среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Во хотелската соба на Карлеуша навратил непознат гостин: Да беа други жени наместо неа ќе врескаа на глас! (ФОТО)

Во хотелската соба на Карлеуша навратил непознат гостин: Да беа други жени наместо неа ќе врескаа на глас! (ФОТО)

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша го покажа непоканетиот гостин кој навратил во нејзината хотелска соба на одморот во Турција, каде ужива со ќерките Атина и Ника.

Јелена на плафонот забележала „гостин“, па веднаш го снимила.

И додека многу жени би врескале кога ќе го видат ова, познато е дека пејачката сака животни и дека не им се плаши.

„Поима немам што е ова. Нешто бело…“ – рекла Карлеуша.

Во прашање е мал гуштер, кој бил цело време мирен и не реагирал на викањето на Јелена.

„Имам фобија од гуштери, секоја ти чест“, „Фасцинантни животни“, „Се гледа дека сакаш животни“, „Храбра жена, за разлика од многу мажи“, „Многу ви врескале и жени и мажи“ – се само некои од коментарите.

Најнови вести