среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Словенија забележа најголем број заразени во последните три месеци

Словенија забележа најголем број заразени во последните три месеци

Словенија денеска регистрира 2.365 случаи на коронавирус, што е најголем број на заразени во последните три месеци, а за 29 отсто повеќе во однос на истиот ден пред една недела, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Како што се наведува во соопштението, еден пациент починал како последица на Ковид-19, пренесе агенцијата СТА.

Вкупно 49 пациенти заразени со коронавирусот денеска се во болници, од кои осум се на интензивна нега.

Седумдневниот просек на нови дневни случаи се искачи на 1.308, што е за 79 повеќе од претходниот ден, а 14-дневната стапка на нови случаи на 100.000 жители се искачи на 749, според Националниот институт за јавно здравје.