петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо доби понуда од 300 милиони евра – Ќе стане ли најплатен фудбалер во историјата?

Роналдо доби понуда од 300 милиони евра – Ќе стане ли најплатен фудбалер во историјата?

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо има уште една опција за продолжување на кариерата, овој пат најбогата и тоа доаѓа од Саудиска Арабија.

Португалските медиуми пренесуваат дека 37 годишниот напаѓач на маса има понуда од неименуван клуб вредна 125 милиони евра по сезона. Договорот е на две години, што значи дека Роналдо би заработил 250 милиони евра со што ќе стане најплатениот фудбалер во историјата.

Клубот од Саудиска Арабија би издвоил и 30 милиони евра за Манчестер Јунајтед и уште 20 милиони на име на провизии за менаџерите на фудбалерот.

Роналдо не се појави на почетокот на подготовките за следната сезона со образложение дека има „семејни проблеми“, а од клубот доби дозвола да ја прекокне турнејата на Тајланд.

Новиот тренер на „Црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг пред неколку дена истакна дека Роналдо лично не му кажал дека сака да го напушти клубот, како и дека играчот е вклучен во неговите планови и не е на продажба.