сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка несреќа во тетовско, загина тинејџер

Тешка несреќа во тетовско, загина тинејџер

Деветнаесет годишно момче од тетовското село Теарце вчера го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила околу 17 часот на локалниот пат во тетовско Слатино.

Во сообраќајната несреќа учествувале мотоцикл без регистарски ознаки управуван од 19-годишниот Л.Ш. од тетовско Теарце и трактор со приколка, исто така, без регистарски ознаки, што го управувал 60-годишниот А.С. од Слатино.

-Во несреќата, мотоциклистот Л.Ш. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, од кои подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово