Официјално Ријад Марез потпиша нов договор на две години со Манчестер сити, односно ќе остане во клубот до јуни 2025 година.
Алжирското крило, кое дојде од Лестер сити во летото 2018, се промовираше во еден од клучните играчи во составот на Пеп Гвардиола.
Марез им помогна на „граѓаните“ да освојат три премиерлигашки титули, трипати го освои Лига купот, еднаш ФА купот, а беше финалист во Лигата на шампионите.
До сега запиша вкупно 189 настапи, постигнувајќи 63 голови, а воедно запиша 45 асистенции.