Жозе Мурињо и Рома се на прагот на уште едно големо засилување. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Пари Сен Жермен на Рома и го понудил Џорџинио Вајналдум.
Францускиот гиганти е подготвен да го испрати Вајналдум во Рим на позајмица и да исплаќа речиси половина од неговата годишна плата.
По Немања Матиќ, Миле Свилар, Зеки Челик и Гонзало Вилјар, тоа би било петтото засилување на „волчицата“ за следната сезона. Договорот е пред реализација.