вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

„Новиот Де Брујн“ во Милан за 35 милиони

„Новиот Де Брујн“ во Милан за 35 милиони

Милан е блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.

21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, минатата сезона блесна во дресот на Клуб Бриж и е примарна трансфер цел на „росонерите“.

Милан пред неколку дена испрати прва понуда од 25 милиони евра која беше одбиена, а сега испрати нова од 30 милилиони евра плус 5 милиони како бонуси.

Де Кетелар денес ќе игра за Бриж во белгискиот Суперкуп, а веќе во понеделник би требало да пристигне во Милано на лекарски прегледи.