петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Страшна сообраќајка на патот Штип-Кочани: Еден загинат, петмина повредени

Едно лице го загуби животот, а пет се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на с.Долни Балван, општина Карбинци.

Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „цитроен саксо“, управуван од Г.Т.(67) од с.Тркање, кочанско и автомобил „сеат толедо“ управуван од А.Д.(35) од Штип, и двете со штипски регистарски ознаки.

-На местото на несреќата починал Г.Т., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Д., како и сопатничките од неговото возило С.С.(57), Ј.М.(59) и К.А.(42), сите од Штип. Тие биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош, велат од МВР.

Со телесни повреди се здобила Л.П.(54), констатирани, исто така, во Клиничката болница Штип.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Штип во присуство на Јавен обвинител.