четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Австрија размислува да го укине карантинот за заразените со коронавирус

Австрија размислува да го укине карантинот за заразените со коронавирус

Владата на Австрија подготвува ново попуштање на епидемиолошките мерки и планира од 1 август да го укине карантинот за заразените со коронавирус.

Иако на тоа се спротивставија лекари, но и властите на градот Виена, се подготвува уредба со што карантинот ќе биде укинат и ќе биде заменет со обврска инфицираните со Ковид-19 постојано да носат маска, без разлика дали се на работа или во дискотека.

И покрај новиот рекорден раст на заразени лица, канцеларот Карл Нехамер и министерот за здравје Јоханес Рауч подготвуваат нова уредба за Ковид-19 што содржи укинување на карантинот.

Според уредбата, заразените само на отворено не мора да носат маска и тоа таму каде што може да се држи физичка дистанца од два метра. (МИА)